Безбедност на парите
Договор за гаранција на средствата
Видливост на проектите
Опипливост и можност за активно следење на прогресот
Кус период за заработка
Месечна исплата на заработка и краток период помеѓу инвестиција и заработка
Креирање на профил
Избор во кој од градежните објекти сакате да инвестирате
Внесување на износот кој сакате да го инвестирате
Електронско потпишување на Договорот за инвестирање на средства
Уплата на средствата
Платформата е новитет на нашиот пазар која претставува линк за транспарентно поврзување на инвеститори кои се заинтересирани за пласман на своите слободни средства, односно одлична можност за физички и правни лица да инвестираат во нашите градежни проекти. Инвестираните средства се користат за реализација на проектите, и за користење на тие средства се исплаќа капитална добивка од 9% на годишно ниво за проектите кои завршуваат за 24 месеци или 10% на годишно ниво за проектите кои е предвидено да траат над 24 месеци.
Во пракса тоа значи дека ако некое лице инвестира 10.000 евра во некој од нашите проекти (на пример проектот/станбената зграда X9 која се наоѓа во Скопје), проект кој започна на 15 Октомври 2024 година и ќе трае 3 години, до 15 Октомври 2027 година, тогаш инвеститорот ќе добие максимална капитална добивка од 30% за целиот период, односно 10% на годишно ниво. Во пари, тоа значи дека инвеститорот за тие 3 години вкупно ќе заработи 3.000 евра. Дополнително, инвеститорот не треба да чека да се комплетира проектот за да ја добие капиталната добивка заедно со инвестираната сума, туку капиталната добивка му ја исплаќаме секој месец на неговата трансакциска сметка додека трае проектот, која изнесува 83,3 евра бруто во денарска противвредност. Со доспевање на рокот за реализација на проектот, инвестираната сума во целост се враќа на Инвеститорот.
Од неодамна воведен е нов производ за Инвестирање на рати. Овој производ овозможува буквално секој полнолетен граѓанин на Македонија да може да стане инвеститор преку нашата платформа, и тоа со минимална инвестиција од 3.000 мкд на месечно ниво. Како тоа функционира во пракса: Доколку до завршувањето на некој од проектите преостануваат уште 12 месеци, наместо да направите класична еднократна инвестиција и целата сума да ја инвестирате одеднаш, можете планираната сума да ја инвестирате на 12 месечни рати, при што специјално дизајнираниот алгоритам ќе направи пресметка на капитална добивка по принципот на FIFO методот и поединечни влезни датуми на вложување, и точно ќе знаете колкава капитална добивка ќе добиете за инвестираните средства. За разлика од еднократното инвестирање каде капиталната добивка може да ја добиете на месечно ниво или целосно на крајот на завршување на проектот, тука капиталната добивка се исплаќа само на крајот заедно со инвестираната главница. За конкретна пресметка можете да го искористите калкулаторот кој е специјално дизајниран на нашата веб платформа.
Зачленете се и бидете известени кога ќе ја лансираме апликацијата!
Инвестирани
180.000.000
МКД
преку платформата на
Смарт Инвест Гроуп!
Исплатени 14.322.000 МКД капитална добивка!